Прво бебе родено во 2022 во Тетово е женско
- Првото бебе во одделот за гинекологија при тетовската клиничка болница е родено во првата минута од 2022 година. Тоа е прво дете на родилката.

Тетово, 1 јануари 2022 (МИА) - Првото бебе во одделот за гинекологија при тетовската клиничка болница е родено во првата минута од 2022 година. Тоа е прво дете на родилката.
-Во 00.01 часот Мевљуде Идризи родена 1997 година со спонтано природно породување го роди првото свое дете, девојче со тежина од 3480 грама и 50 сантиметри. Породувањето го изврши дежурната докторка Мерал Ферати, изјави д-р Мерал Реџепи која беше дежурна лекарка во одделот од 8 часот утринава.
Дежурна екипа во гинеколошкото одделение до утрината имала уште четири породувања, а бебиња се родиле и на 31 декември во 21 и 23 часот. ас/аа/