• сабота, 23 ноември 2024

Првото бебе родено во Струмица во новата година е машко

Првото бебе родено во Струмица во новата година е машко

Струмица, 1 јануари 2024 (МИА) - Синоќа во 01:10 часот во Струмица се роди првото новороденче. Бебето е машко, а на свет го донесе мајката Љубинка Терзиева од Струмица.

Породувањето е извршено на Одделението за гинекологија и акушерство при ЈЗУ „Општа Болница“, а ова е второ дете на мајката.

Раѓањето на најновиот жител на Струмица го честиташе градоначалникот Костадин Костадинов, кој му подари штедна книшка со 40 илјади денари.

-Струмица е побогата за уште еден жител, прв во Новата година. По само еден час и 10 минути од доаѓањето на Новата 2024 година, се роди здраво машко дете, тешко 3.350 килограми. Како прв жител на нашата Општина на новороденчето му подаривме штедна книшка со 40.000 денари. Да е здраво и живо новороденчето, а новата година нека биде плодна, со уште многу машки и женски деца, објави струмичкиот градоначалник. рт/дма/

Фото: Општина Струмица

Остани поврзан