Прволигашки фудбал во Кавадарци
- Со натпреваротшто се игра попладнево во Кавадарци продолжуваат дуелите од првото коло од Првата фудбалска лига
Кавадарци, 10.август 2025 (МИА) - Со натпреварот што се игра попладнево во Кавадарци продолжуваат дуелите од првото коло од Првата фудбалска лига. Екипата на Тиквеш го пречекува Работнички, а почетокот на натпреварот е во 17:30 часот.
На претходно одиграните натпревари од првото коло беа постигнати следниве резултати:
Шкендија - Шкупи 5:1
Вардар - Пелистер 4:1
Струга ТЛ - Македонија ЃП 2:0
Башкими - Арсими 1:1
Дуелот во Кавадарци е претпоследен натпревар од првата рунда, додека последниот се игра утре (понеделник) во Кратово каде Силекс е домаќин на АП Брера. мн/
Фото: МИА