• петок, 21 февруари 2025

Првите луѓе на ЕУ ќе го посетат Киев на третата годишнина од руската инвазија

Првите луѓе на ЕУ ќе го посетат Киев на третата годишнина од руската инвазија

Брисел, 20 февруари 2025 (МИА) - Претседателите на Европската комисија и на Европскиот совет, Урсула фон дер Лајен и Антонио Кошта в понеделник ќе го посетат Киев по повод третата годишнина од целосната руска инвазија на Украина, јави ДПА.

Во објавата на социјалната мрежа Х во која го најави патувањето, Кошта напиша дека посетата „ќе ја потврди поддршката за херојскиот украински народ и за демократски избраниот претседател (Володимир Зеленски)“.

Со напомена дека Зеленски е избран на демократски начин, Кошта му испраќа јасна порака на американскиот претседател Доналд Трамп, кој вчера го нарече Зеленски „диктатор“ и рече дека нема демократски легитимитет, забележува ДПА.

Европската комисија претходно неделава објави дека Фон дер Лајен и европските комесари имаат намера да ја посетат Украина за годишнината, но во тоа време не беа објавени дополнителни детали.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан