Првиот ден на Божик - 25 декември неработен за граѓаните од католичка вероисповед
- Понеделник 25 декември, првиот ден на Божик е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Северна Македонија информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Скопје, 22 декември 2023 (МИА) - Понеделник 25 декември, првиот ден на Божик е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Северна Македонија информираат од Министерството за труд и социјална политика.
Од Министерството на граѓаните од католичка вероисповед им го честитаат празникот Божик. сст/бак/
фото МИА архива