• сабота, 23 ноември 2024

Првиот викенд на Октоберфест по пандемијата собра 700.000 посетители

Првиот викенд на Октоберфест по пандемијата собра 700.000 посетители
Минхен, 18 септември 2022 (МИА) - И покрај студеното и дождливо време, околу 700.000 луѓе го посетија Октоберфест во првиот викенд од манифестацијата, објавија денеска организаторите. Тоа е значително помалку од еден милион луѓе, бројот на посетители истиот ден во 2019 година пред пандемијата на коронавирус. Околу 9.000 луѓе облечени во традиционални баварски носии излегоа на улиците на Минхен како дел од традиционалната годишна парада.
Учесниците на парадата низ градот дојдоа од цела Германија, а имаше и групи од САД и Канада.                     Таму беа и градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер, како и баварскиот премиер Маркус Зедер, придружувани од нивните сопруги. Низ градот маршираа акробатски танчери, членови на планинарски друштва и членови на Градската гарда на Минхен, која некогаш го чуваше мирот и редот на градските улици и во градските барови.
Традиционалната поворка која се одржува на почетокот на Октоберфест е долга седум километри и е најдолгата ваква поворка во светот. паг/  

Остани поврзан