• среда, 27 ноември 2024

Прва форумска сесија од буџетски форум во Крива Паланка

Прва форумска сесија од буџетски форум во Крива Паланка

Крива Паланка, 7 ноември 2023 (МИА) - Општина Крива Паланка со првата форумска сесија денска го poчна годинашниот форумски процес со кој низ консултација со граѓаните ќе биде креиран буџетот на општината за претстојната, 2024 година. На денешната форумска сесија, која се очекува да завршат до крајот на ноември, беше претставен процесот од минатата година, заедно со реализацијата на предлозите интегрирани во буџетот и на препораките врачени до градоначалникот.

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски потенцира дека со буџетот за 2023 година се реализирани 71 отсто од проектите вметнати во буџетот за годинава, 23 проценти се во фаза на реализација, а само мал дел не се реалзизирани, што, според него, се должи на пренамената на средства за справување со штетите од невремето што ја зафати општината во јуни.

-Општината има релативно мал буџет 113 милиони денари од кои се сервисираат две обврски за кредити од 2012 и 2020 година, а општината реализира и јавно приватно партнерство од пред три години за јавно осветлување. Правиме се што е во наша моќ да ги користиме сите можни расположливи програми и ресурси за фианансирање на зацртаните проекти, рече Митовски посочувајќи дека општината во 2024 година ќе може да користи грантови во висина од 970.000 евра од државата.

Градоначалникот најави дека се подговтуваат и проекти и приоритетни активности, како нов водовод во Конопница во должина од 10 километри и водовод на Калин Камен за, како што рече, да се подобрат основните инфраструктурни предуслови за развој на целата општина.

Митовски информира дека изготвен е проект и за адреналиснки парк, но следува имплементација на други клучни проекти за кои се потпишани договори, како проширување на главната улица во централното градско подрачје со финансии од МТВ, поставување фотоволтаици на пет јавни институции што ќе се реализираат со поддршка од Словенската амбасада, реконструкција на „Соларски“ и „Градечки мост“ од вкупно пет градски мостови преку ТАВ програмата, партерно уредување на дворот на училиштето во Градец преку ИПА програма за прекугранична соработка со Србија, Дом за стари лица во дел од ученичкиот дом во градот преку МТСП, уредување на финална фаза од корито на Крива Река до градски базен и други инфраструктурни проекти.ид/фф/

Фото: МИА

Остани поврзан