• понеделник, 23 декември 2024

Прва редовна координација во Собранието на новиот спикер Митрески, нова седница закажана на 7 февруари

Прва редовна координација во Собранието на новиот спикер Митрески, нова седница закажана на 7 февруари

Скопје, 29 јануари 2024 (МИА) - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески денеска ја одржал првата редовна понеделничка координација, по изборот на функцијата.

Како што информираат од собраниската прес-служба, покрај претставниците на пратеничките групи во Собранието, на координацијата присуствуваа и потпретседателите Горан Мисовски и Хусни Исмаили, генералната секретарка Цветанка Иванова и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, како претставник на Владата. На координацијата присуствувале и заменик-координаторот на ПГ на СДСМ Диме Велковски, координаторот на ПГ на Алијанса на Албанците Аднан Незири и пратеникот на Левица Борислав Крмов.

На средбата, како што се наведува во соопштението, биле разгледани пристигнатите материјали во Собранието во изминатиот период, по што е закажана и првата нова седница, која ќе почне на 7 февруари.

Како што посочуваат од собраниската прес-служба, на координацијата било заклучено дека Собранието ќе продолжи со редовна динамика и во полн капацитет и во наредниот период, до почетокот на кампањата за изборите. Посочуваат дека за во деновите што претстојат ќе работат со полn интензитет и собраниските комисии. фф/aa/

Фото: Собрание на Република Северна Македонија

Остани поврзан