• понеделник, 23 декември 2024

Прва победа на Руд над Алкараз

Прва победа на Руд над Алкараз

 

Торино, 11 ноември 2024 (МИА) – Норвешкиот тенисер Каспер Руд во петтиот обид успеа да ја оствари првата победа над Шпанецот Карлос Алкараз, совладувајќи го денеска со 6-1, 7-5 во дуел од 1. коло од групата „Џон Њукомб“ на АТП финалето во Торино.

Алкараз триумфираше над Руд прв пат во 2021 година во четвртфиналето на турнирот Мастерс 1000 во Мадрид (2021 година), една година подоцна во финалето на Мастерсот во Мајами и УС Опен, а минатата година во четвртфиналето на АТП 500 турнирот во Пекинг. На тие четири дуели, 21-годишниот Шпанец загуби само еден сет од Руд.

Сепак, норвешкиот тенисер во Торино покажа дека не случајно дојде до полуфиналето на своите два последни настапи на завршниот АТП турнир, во 2021 и 2022.

Руд до триумфот над Алкараз дојде со две серии од пет последователни гемови, при резултат 1-1 во првиот и при негатива од 2-5 во вториот сет.

Во вториот дуел д оваа група вечерва ќе играат Германецот Александр Зверев и Русинот Андреј Рубљов. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан