Прва победа за Работнички во новата сезона од ПМФЛ
- Фудбалерите на Работнички ја забележаа првата победа во новото првенство од Првата македонска лига. „Романтичарите“ попладнево на „Тодор Проески“ во Скопје, ја совладаа Беласица со 2:0.

Скопје, 15 август 2020 (МИА) – Фудбалерите на Работнички ја забележаа првата победа во новото првенство од Првата македонска лига. „Романтичарите“ попладнево на „Тодор Проески“ во Скопје, ја совладаа Беласица со 2:0.
Двоен стрелец за домашниот тим беше Фахрудин Ѓурѓевиќ.
Двојките од 2. коло за утре се:
Академија Пандев – Вардар
Борец – Ренова
Шкендија – Струга Трим и Лум
Шкупи – Македонија Ѓ.П. зс/