Прва победа за македонските одбојкари во европската Златна лига
- Македонската одбојкарска репрезентација вечерва ја совлада Белгија со 3:1, по сетови 25:21, 25:23, 17:25 и 25:21.

Скопје, 31 мај 2023 (МИА) – Македонската одбојкарска репрезентација вечерва ја совлада Белгија со 3:1, по сетови 25:21, 25:23, 17:25 и 25:21.
На натпреварот одигран во СЦ „Борис Трајковски“ „црвено-жолтите“ до триумфот ги предводеше капитенот Никола Ѓорѓиев со 19 поени.
Следниот натпревар македонските одбојкари ќе го имаат в сабота, исто така во СЦ „Борис Трајковски“, кога ќе ја пречекаат репрезентацијата на Хрватска.
По две кола, во водство се Украинците со шест бодови, белгиската и македонската репрезентација имаат по три, Хрватите се последни без ниту еден бод. зс/
Фото: ОФМ