• среда, 27 ноември 2024

Прва крводарителска акција во Делчево за 2024 година

Прва крводарителска акција во Делчево за 2024 година

Делчево, 4 јануари 2023 (МИА) - Во Делчево во тек е првата крводарителска акција за 2024 година. Акцијата се спроведува во просториите на Општинската организација на Црвен Крст во Делчево заедно со тим на Републичкото одделение за трансфузиологија од Скопје. 

Одзивот на акцијата како што истакна д-р Петар Стојановиќ како за прва акција во новата година е задоволителен.

-Моментално имаме околу 50 крводарувања, крводарителската акција трае до 15 часот, така што има уште време и други донатори да дојдат и со своето дарување да спасат човечки живот, истакна Стојановиќ.

Во изминатата година во делчевската општинска организација правото на крводарување го оствариле 1076 крводарители.

-Таргетот за минатата година изнесуваше 696 крвни единици, а според постигнатата бројка истиот е далеку натфрлен што секако предизвикува задоволство за нас како организација, додадоа од Црвен крст Делчево.

Оттаму се заблагодарија на редовните крводарители и на сите оние кои барем еднаш ја подале раката и дарувале од капката која живот значи. вс/сст/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан