Првата успешно клонирана арктичка волчица Маја
- Раѓањето на првиот клониран див арктички волк во светот е пресвртница за применетата наука за клонирање. Тоа е од големо значење за зачувување на ретките и загрозени животни и биодиверзитетот

Пекинг, 20 септември 2022 (МИА) - Генeтичката компанија „Синоген биотехнологија“, со седиште во Пекинг, Кина, вчера објави вест за првиот успешно клониран див арктички волк-женка во светот. Видеопораката уследи 100 дена по нејзиното раѓање во лабораторија во кинеската покраина Лијаонинг. Научниците велат дека животното е „пионер во одгледувањето ретки и загрозени животни“ преку технологијата на клонирање.
