Првата дама Елизабета Ѓоргиевска со поддршка на активностите ХелтХаб
- Во канцеларијата на претседателот Стево Пендаровски, МладиХаб од денеска започнуваат активностите ХелтиХаб, иницијатива на Здружението на студенти по медицина – ЗСМ, а со поддршка на првата д


-Поздравувајќи ја иницијативата ХелтХаб чија цел е креирање на можности и создавање на простор за совладување на потребните вештини за решавање на јавно-здравствени предизвици, како и создадавање на еднаквост во здравството, Ѓоргиевска ја изрази својата поддршка на младите во нивните активности поврзани со унапредување на здравјето, здравствената заштита и здравата животна средина, се вели во соопштението.
Првата дама говорела и за вложувањето во континуираната професионална наобразба на младиот кадар во областа на здравството и примената на стекнатото знаење во пракса како значајни за унапредување на здравствените услуги и јавното здравје.

Министерот за здравство Беким Сали во своето обраќање го поздравил почетокот на функционирањето на Хелтхаб истакнувајќи дека заедничка заложба е насочување на активностите на Хелтхаб кон зајакнување на поддршката за заштита и унапредување на правата на лекарите и студентите по медицина.
-Во рамки на ХелтХаб, во канцеларијата на претседателот МладиХаб ќе се организираат настани за подигање на јавната свест и едукација на населението за актуелни теми во општеството од областа на медицинските науки, трибини и дискусии за земање активно учество во креирањето на политиките насочени кон студентите по медицина, настани поврзани со стручното усовршување на студентите по медицина и за унапредување на здравјето на населението преку научно базирани сознанија, информираат од кабинетот.

ХелтХаб, како што додаваат ќе работи на унапредување на превентивната здравствена заштита, зацврстување на позицијата на младите лекари и студентите во општеството, како и на изнаоѓање креативни и иновативни решенија за решавање на здравстените проблеми на населението. ки/дма/