• среда, 27 ноември 2024

Прајс: САД го охрабруваат дијалогот за формирање нова бугарска влада

Прајс: САД го охрабруваат дијалогот за формирање нова бугарска влада
Софија, 13 јули 2022 (МИА) - Портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс во коментар за БНР изјави дека Вашингтон го охрабрува дијалогот за формирање нова бугарска влада. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Прајс наведе дека формирањето на бугарската влада е очигледно внатрешно политичко прашање, но Вашингтон е секогаш на страната на дијалогот. Прајс посочи дека Бугарија во следните месеци ќе мора да продолжи да се справува со голем број предизвици, што стануваат се поголеми поради руската војна во Украина. Портпаролот на Стејт департментот ги наведе областите кои се во фокусот на вниманието на Вашингтон во однос на Бугарија: законодавната рамка за планот за опоравување и отпорност на ЕУ, плановите за приклучување кон еврозоната, модернизацијата на вооружените сили на Бугарија, енергетската безбедност и понатамошно зајакнување на владеењето на правото во земјата. нк/ми/

Остани поврзан