• понеделник, 23 декември 2024

Пратеничката Зајкова назначена за специјална претставничка на ПС ОБСЕ на младинско ангажирање

Пратеничката Зајкова назначена за специјална претставничка на ПС ОБСЕ на младинско ангажирање

Скопје, 24 октомври 2023 (МИА) - Пратеничката Моника Зајкова е назначена за специјална претставничка на Парламентарното собрание (ПС) на ОБСЕ на младинско ангажирање на дигитален координативен состанок со специјалните претставници на ПС на ОБСЕ кој на 20 октомври го одржала претседателката на ова собрание - Пиа Каума од Финска.

Како што соопшти собраниската прес-служба, Зајкова на состанокот го претставила својот план на дејствување, истакнала дека ќе продолжи да работи на Стратегијата за млади, при што ќе организира состанок со млади парламентарци, членови на делегациите на ПС на ОБСЕ во Скопје.

-Имајќи ја предвид улогата на младите во процесот на одлучување, се истакна дека е потребно да се посвети повеќе внимание на потенцијалите конфликтни региони, како што е Ерменија, каде голем број млади се бегалци и секогаш треба да се слушне и нивното мислење, се наведува во соопштението. 

Претседателката на ПС на ОБСЕ, Каума, има назначено 14 специјални претставници со портфолија фокусирани на приоритетни теми, тематски и регионални, имајќи ги предвид родовата, политичката и географската рамнотежа. 

-Исто така, оваа година ПС на ОБСЕ има формирано нов парламентарен тим за поддршка на Украина, наведува прес-службата на Собранието. хс/нд/ 

Фото: МИА архива 

Остани поврзан