• вторник, 24 декември 2024

Пратеници со скафандери влегоа во бугарскиот Парламент

Пратеници со скафандери влегоа во бугарскиот Парламент
Софија, 20 март 2020 (МИА) - Пратениците од партијата Волја, Веселин Марешки и Кристина Таскова во Парламентот се појавија со заштитна облека, а пратениците од Бугарската социјалистичка партија побараа нивно отстранување со образложение дека дополнително ја влошуваат ситуацијата. Марешки истакна дека сите бугарски пратеници да преземат мерки против новиот корнавирус со цел да се заштитат себе си, своите блиски и бугарскиот народ. Тој додаде дека „бугарскиот Парламент не треба да се претвориме во центар на заразата“. Во Парламентот се преземаат сите санитарни мерки, сите пратеници се со маски, а говорницата постојано се чисти. Правиме тоа што можеме, но не можеме да ја запреме работата на бугарскиот Парламент, изјави претседателката на Парламентот, Цвета Карајанчева. ми/

Остани поврзан