• среда, 27 ноември 2024

Пратениците усвоија измени и дополнувања на неколку предлог-закони

Пратениците усвоија измени и дополнувања на неколку предлог-закони
Скопје, 19 јули 2022 (МИА) - Пратениците во Собранието на Северна Македонија на денешната 79. пленарна седница усвоија измени и дополнувања на неколку предлог на закони, меѓу кои закон за заштита на потрошувачите и законот за гаранција за заем за поддршка на ликвидноста на АД ЕСМ. Седницата продолжува по редовната пауза во 15 часот. Пратениците не ги усвоија Предлог на законот за изменување на Законот за акцизите, по итна постапка, Предлог на законот за дополнување на Законот за данокот на додадена вредност и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, по итна постапка. На денешната седница, пратениците го усвоија предложениот Предлог на закон за заштита на потрошувачите, по скратена постапка. Усвоениот предлог закон се праќа на понатамошна процедура до Комисијата за финансирање и буџет. Крешник Бектеши, министер за економија на образложувањето истакна дека со оваа законско решение  за потрошувачите во Република Северна Македонија ќе бидат позаштитени со европски пракси. - Потребата за донесување на овој закон се појавува како потреба за усогласување на македонското законодавство со посебни важни теми кои што се однесуваат на заштитата на потрошувачите било тоа за производи или услуги  кои што ги земаат потрошувачите во република Северна Македонија каде што се транспонираат во една важна директива, транспонирање на директиви на Европската унија и имајќи предвид со кризите со кои што се справуваме и со топлинска криза, електрична криза и прехранбените производи, се дава некаква заштита на потрошувачите со нефер практики на трговците, рече Бектеши. Исто така, пратениците го усвоија и Предлог на законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за поддршка на ликвидноста на АД ЕСМ–Скопје во услови на енергетска криза, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје, по скратена постапка и се праќа во понатамошна процедура до Комисијата за финансирање и буџет. Министерот за финансии Фатмир Бесими во образложението на законското решение рече дека станува збор за законот за гаранција на кредитот  кој што ќе биде понуден за задолжување за Акционерското друштво ЕСМ од Европската банка за обнова и развој во износ од 100 милиони евра кои што ќе и служат на претпријатието за ликвидноста во текот на економската и финансиската криза. -Доброто на ова задолжување е тоа дека се зема со добри услови  и не е товар за буџетот на директен начин, само се рефлектира како гаранција  во јавниот долг, рече Бесими. Собраниската процедура го помина и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија, по скратена постапка и се праќа на понатамошна процедура до Законодавно-правната комисија. Башким Хасани, заменик министер за одбрана истакна дека со овие измени се предвидува на професионалните војници на кои што им престанува работниот однос во навршување на 45 години да имаат право по илјада евра оценето со годините поминати во службата и да се вработат во органите на државната управа. Исто така, во рамки на денешната седница беа усвоени и Предлог на законот за дополнување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за супервизија на осигурување, по скратена постапка. Пратениците не ги усвоија Предлог на законот за изменување на Законот за акцизите, по итна постапка, Предлог на законот за дополнување на Законот за данокот на додадена вредност и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, по итна постапка.фф/аа/

Остани поврзан