• сабота, 23 ноември 2024

Пратениците попладнево донесоа повеќе закони

Пратениците попладнево донесоа повеќе закони

Скопје, 28 февруари 2024 (МИА) - Собранието на Република Северна Македонија попладнево одржа продолженија на неколку седници при што беа изгласани повеќе закони.

Во рамки на 129 седница беше усвоен Законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по скратена постапка со 64 гласа „за“, без ниту еден против и воздржани, како и со гласовите на 25 пратеници од немнозинските заедници. Со тоа беа исцрпени сите точки на дневен ред на оваа седница.

Во рамки на 138 седница денеска помина во прво читање Предлог законот за правда на децата, а во рамки на 131 седница беа изгласани измените на Законот за авторско право и сродни права.

Во рамки на 143 седница помина Предлог законот за конфискација на имот во граѓанска постапка, по скратена постапка.

На продолжението на 125-та седница беа донесени измените на Законот за хартии од вредност, по скратена постапка по што претседателот на Собранието Јован Митрески ја прекина работата, а продолжението најави дека ќе биде дополнително закажано.

Претходно, попладнево во рамки на 145. седница Собранието го изгласа Абдуш Демири за член на Државната изборна комисија со што се комплетираше составот на Државната изборна комисија. ДИК повеќе месеци беше без седмиот член, откако Кренар Лога стана министер за правда. вг/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан