• среда, 25 декември 2024

Пратениците на ДПК повторно ја блокираа говорницата на косовскиот Парламент

Пратениците на ДПК повторно ја блокираа говорницата на косовскиот Парламент

Приштина, 13 јули 2023 (МИА) - Пратениците на Демократската партија на Косово (ДПК) уште еднаш ја блокираа говорницата на косовското Собрание, откако претседателот Глаук Коњуфца најави одржување на вонредна пленарна седница, која беше прекината претходно во денот поради насилство во Собранието.

Неколку членови на Алијансата за иднината на Косово (АБК) им се придружија на членовите на ДПК во блокирањето на седницата.

Претседателот на Собранието Коњуфца изјави дека на денешната седница граѓаните ќе судат кој го започна конфликтот. Тој предложи да се надмине денешната состојба и Парламентот да продолжи со работа.

-Ако сме побројни, ја продолжуваме седницата таму каде што бевме. Дури и премиерот имаше волја да се откаже од зборот. Граѓаните чекаат да продолжиме нормално. Ќе одиме на избори кога сакате, рече тој.

Тој побара од пратениците со разбирање да се надминат проблемите и седницата да продолжи со пратенички прашања.

-Ние ги имаме најдлабоките несогласувања досега, но овие несогласувања му прават чест на Косово ако ги одржиме на ниво потребно за функционирање на нашите демократски институции. Досега успеавме. Се обидуваме да ги надминеме овие тешки денови и овие моменти за нашите земја.Ве поканувам на минимум однесување кое би ги израдувало граѓаните Косово“, рече тој.

Според Коњуфца, ставот на пратеникот е благороден, додека додаде дека очекува пратениците да отворат ново поглавје по денешниот инцидент.

Претседателот на Собранието побара да не се преземе ништо „за нешто во што не би сакале да ја видиме нашата држава“.

Шефот на пратеничката група на Демократскиот сојуз на Косово, Арбен Гаши изјави дека ситуацијата се влошила кога министрите ја нападнале опозицијата. Според него, министрите континуирано ги навредувале и недолично се однесувале со пратениците.Тој додаде дека би било добро седницата да се свика утре или некој друг ден, за, според него, тензиите да стивнат. мс/

Фото: Принтскрин Косовапрес

Остани поврзан