Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од Комисија за образование: Денеска сме на барикадите во Собранието, во одбрана на историјата како посебен предмет
- Денес не стигнавме на барикадите пред МНР, но затоа денес сме на барикадите во сала Борис Трајковски во Собранието на Република Македонија во одбрана на Македонската историја....истрајни и цв

Скопје, 15 јуни 2021
Денес не стигнавме на барикадите пред МНР, но затоа денес сме на барикадите во сала Борис Трајковски во Собранието на Република Македонија во одбрана на Македонската историја....истрајни и цврсти во борбата ИСТОРИЈАТА ДА БИДЕ ПОСЕБЕН ПРЕДМЕТ!
И понатаму се бориме за зачувување на македонската историја, за задолжителен предмет Историја. Ќе продолжиме до доцните часови бидејќи Македонија и македонската историја тоа го заслужуваат од сите нејзини граѓани. За жал колегите од СДС ја предадоа и продадоа историјата на нивните штетни политики.
Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ од Комисија за образование
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
____________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.