• среда, 25 декември 2024

Пратеникот на ОН за Судан, Фолкер Пертес, прогласен за персона нон грата

Пратеникот на ОН за Судан, Фолкер Пертес, прогласен за персона нон грата

Картум, 9 јуни 2023 (МИА) - Владата на Судан соопшти дека претставникот на Обединетите нации (ОН) во оваа земја, Германецот Фолкер Пертес, е прогласен за персона нон грата.

„Владата на Судан го информираше генералниот секретар на ОН дека од денеска г-дин Фолкер Пертес (...) е персона нон грата“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи.

Пертес вчера беше во Адис Абеба, Етиопија, каде имаше неколку дипломатски разговори, соопштија од ОН на Твитер.

Генералот Абдел Фатах ал Бурхан, кој ја предводи суданската армија, побара смена на Пертес, обвинувајќи го дека е одговорен за војната што избувна во средината на април меѓу неговите сили и паравоените формации на Мохамед Хамдан Дагло.

Во писмото до ОН, генералот Ал-Бурхан го обвини Пертес дека во своите извештаи ја „прикрил“ експлозивната ситуација во Картум пред избувнувањето на непријателствата.

Без тие „лаги“, како што изјави Ал Бурхан, „Дагло немаше да ги почне своите воени операции“. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан