• среда, 18 декември 2024

Правен факултет при УКЛО-Битола одржа меѓународна научна конференција

Правен факултет при УКЛО-Битола одржа меѓународна научна конференција

Битола, 5 октомври 2020 (МИА) - Правниот факултет кој работи во состав на Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола ја одржа третата по ред меѓународна научна конференција со наслов „Кон подобра иднина: Човекови права, организиран криминал и дигитално општество“.

Оваа година, поради пандемијата со новиот коронавирус, конференцијата се одржа online преку Google Meet платформа., соопштија организаторите на меѓународниот академски настан.

На отворањето на конференцијата, се обратијa министерот за правда во Владата на Северна Македонија, Бојан Маричиќ и деканот на Правниот факултет при УКЛО-Битола, вонреден професор д-р Горан Илиќ, а на пленарната сесија, свои излагања имаа професор д-р Дина Зигел од Willem Pompe Институтот за казнено право и криминологија при Универзитетот во Утрехт, Холандија и вонреден проф. д-р Дениз Серт од Одделот за меѓународни односи при Озјегин Универзитетот во Истанбул, Турција.

На конференцијата се одржаа и пет паралелни сесии на кои над 60 автори имаа можност да ги презентираат своите научни и стручни трудови, како и моментални истражувања.

До крајот на овој месец ќе бидат објавени електронски изданија на зборниците на трудови на конференцијата, а се очекуваат и неколку специјални изданија на научни трудови.

Пленарната сесија ја модерираше раководителката на Центарот за научно- истражувачка работа при Правниот факултет, вонреден проф. д-р Ангелина Станојоска. мт/вг/

Остани поврзан