• петок, 08 ноември 2024

ППФМ со поддршка од АМС им помага на клубовите со младински школи

ППФМ со поддршка од АМС им помага на клубовите со младински школи
Скопје, 18 ноември 2020 (МИА) – Во услови на пандемијата предизвикана од корона вирусот и кога кризата се чувствува во сите пори на општествениот живот, Пингпонгарската федерација на Македонија со помош на Агенцијата за млади и спорт на клубовите кои имаа најдобри резултати од играчите во младинските категории им помогна со набавка на опрема. Клубовите како Крива Палнка, Топспин Плус, Мултитекс, Телеком Нец и други чиишто играчи во младинските категории беа највисоко рангирани од АМС и ППФМ добија помош во донација на пингпонгарски маси. Станува збор за професионални маси според ИТТФ стандарди на кои се играат официјални натпревари. - Со овој пример ППФМ покажува дека приоритет е развојот на младинските школи и поголем дел од своите планови кои поради корона кризата се во голем број пролонгирани, сепак сите планирани активности кои беа поставени како цели за реализација во иднина ќе бидат реализирани, информираат од ППФМ. зс/

Остани поврзан