• понеделник, 23 декември 2024

ППФМ организатор на Европско првенство за играчи до 21 година

ППФМ организатор на Европско првенство за играчи до 21 година

Скопје, 10 април 2023 (МИА) - Македонската пингпонгарска  федерација доби огромно признание од страна на Извршниот Одбор на ЕТТУ откако и официјално и е доделена организација на Европско првенство во пинг-понг во категоријата на сениори до 21 година.

 

- Презентацијата и изборот се одржаа на тековното Европско првенство во пинг-понг во категорија до 21 година во Сараево, Босна и Херцеговина, каде што учесници се и Ангелина Иванова како заменик Врховен судија и Виолета Апостолоска како Судија на маса. За прв пат во историјата на Македонија, добиваме организација на врвен настан кој ќе го собере кремот на европскиот пинг-понг во Скопје во јануари 2024 година, соопшти ППФМ.

 

Неколкуте врвно организирани светски настани во пинг-понг, беа забележани и ЕТТУ ја потврди довербата во ППФМ за организација на уште еден голем настан на Европско тло во Скопје, додаваат од федерацијата. зс/

Остани поврзан