ППС: Шеесет Палестинки сè уште се држат во израелски затвори
- Израелските власти продолжуваат да држат шеесет Палестинки во затвор, а повеќето од нив беа уапсени по 7 октомври, соопшти Здружението на палестински затвореници (ППС).

Рамала, 28 ноември 2023 (МИА) - Израелските власти продолжуваат да држат шеесет Палестинки во затвор, а повеќето од нив беа уапсени по 7 октомври, соопшти Здружението на палестински затвореници (ППС).
Медиумска службеничка во ППС, Амал Саране, изјави дека израелската армија уапсила 56 палестински жени и девојки во големиот бран апсења на окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим по 7 октомври, при што досега биле приведени 3.260 луѓе. мс/
фото: МИА архива