По 25 години, Русија го освои златото на Олимпискиот турнир во спортска гимнастика
- По пауза од две ипол децении, рускиот национален тим го освои златниот медал на Олимпијадата во спортска гимнастика екипно.

Токио, 26 јули 2021 (МИА) – По пауза од две и пол децении, рускиот национален тим го освои златниот медал на Олимпијадата во спортска гимнастика екипно.
Русите во крајно драматична и неизвесна борба, по вежбите во шест дисциплини, беа поуспешни од Јапонците.
Конечен резултат:
1. Русија 262, 500 бодови
2. Јапонија 262,397
3. Кина 261,894.
За рускиот тим настапија: Никита Нагорни, Артур Далалојан, Давид Белјавескиј и Денис Аблјазин.
Натпреварите во спортска гимнастика ќе траат до 28 јули. зс/