• понеделник, 02 септември 2024

По 19. пат со годишна изложба се претставија членовите на фотогрупата Чкрап од Тетово

По 19. пат со годишна изложба се претставија членовите на фотогрупата Чкрап од Тетово
Тетово, 20 ноември 2022 (МИА) - Членовите на фотогрупата Чкрап од Тетово 19-ти пат се претставија на изложба на која ја сумираа својата работа во текот на 2022 година. Во салата на управната зграда на Музеј на тетовски крај (поранешен Дом АРМ) вчера беше отворена изложбата на која беа изложени 32 фотографии од 13 членови. - Фотографската група Чкрап со оваа изложба ја продолжува дамнешната традиција да го претстави она што нашите членови го имаат фотографирано во текот на годината што изминала, а воедно и на овој начин да придонесеме да се збогатат активностите по повод Денот на ослободувањето на Тетово 19 ноември. Секој автор беше слободен да избере некоја од фотографиите направени во 2022 и да ја претстави пред јавноста. Со оглед дека имаме членови и од други градови и земји имаме фотографии кои доловиле моменти насекаде низ светот, порача на отворањето на изложбата Зоран Андонов, член на Чкрап. Поставените фотографии во салата на Музејот ќе може да се погледнат во наредните неколку денови. ас/мч/

Остани поврзан