• четврток, 09 април 2026

По три сребрени и бронзени медали за македонските таеквондисти на „Скопје опен-Рамус 2026 Г1-Е1“

По три сребрени и бронзени медали за македонските таеквондисти на „Скопје опен-Рамус 2026 Г1-Е1“

Скопје, 5 април 2026 (МИА) – Македонските таеквондисти во кадетска и јуниорска конкуренција освоија три сребрени и исто толку бронзени медали на Меѓународниот таеквондо турнир „Скопје опен – Рамус 2026“ од серијата Г1 – Е1. 

Со сребра се закитија: Душица Бреслиева, Ведрана Тунески и Ненда Целески.

Бронзени медали освоија: Теодор Стојановски, Антонио Негријевски и Дамјан Василевски.

Денес на турнирот во СЦ „Борис Трајковски“ настапуваат сениорите.

На турнирот учествуваат околу 1.000 натпреварувачи од 41 држава. зс/

Фото: ФБ Скопје Рамус 2026

Остани поврзан