• недела, 22 декември 2024

По состанокот на поддржувачите на Таравари во Куманово, денеска во Скопје состанок на поддржувачите на Села

По состанокот на поддржувачите на Таравари во Куманово, денеска во Скопје состанок на поддржувачите на Села

Скопје, 10 февруари 2024 (МИА) - По состанокот на Алијанса за Албанците во Куманово на кој присуствуваше претседателот на партијата, Арбен Таравари и на кој со декларација беше потврдена коалицијата со албанскиот опозициски блок, за денеска во Скопје е закажан состанок свикан од претседателот на Централното собрание на партијата Зијадин Села. 

Во поканата за денешниот состанок, како прва точка на дневен ред е извештајот на претседателот на партијата околу политичките случувања во врска со наредните претседателски и парламентарни избори, а втората точка е разгледување на одлуката на Претседателството на партијата од 21 октомври минатата година, околу настапот на партијата на парламентарните избори. 

Села вчера во изјава за медиумите рече дека на состанокот е поканет и Таравари, а негово е дали ќе дојде или не.

-Го имам покането, како и секој друг член на Централното Собрание со јавна покана. Негова работа е дали ќе дојде или не. Местото му е да дојде таму, рече Села.

Од крилото на Села, собирот во Куманово го оценуваат како нелегитимен потенцирајќи дека на состанокот имало помалку од 40 членови, а не 75 како што било кажано.

- Тој настан не беше Собрание, зашто се знае врз основа на Статутот, дека може да го свика претседателот на Собранието на партијата и има рок од седум дена. Легално Собрание на Алијансата за Албанците ќе биде тоа свикано за в сабота во 13 часот во Скопје. Тоа е легално  и процедурално врз основа на Статутот и правните процедури, рече вчера пратеникот Аднан Незири.

Од крилото на Таравари вчера во изјава за медиумите најавија дека нема да присуствуваат на денешниот состанок. 

Пратеникот Халил Снопче, кој го поддржува претседателот на партијата, рече дека ниту Таравари, ниту  членовите на Центраното собрание кои застанале зад партискиот претседател, нема да присуствуваат на Централното собрание закажано од Зијадин Села.

Крилото на Таравари во четвртокот во Куманово одржа консултативен состанок на Централното собрание по кој беше соопштено дека 75 претставници на партиското тело му дале поддршка на Таравари за коалиција со албанската опозиција. 

- Како што и вие бевте сведоци сега се реализираше состанок со претставници на централното собрание каде беа присутни 75 претставници на централното собрание и сите едногласно гласаа и потпишаа исто така за да му дадат целосна поддршка на претседателот да ја реализира оваа коалиција со албанската опозиција, сѐ со цел еднаш после 20 години ДУИ да помине во опозиција, изјави Блерант Рамадани по состанокот во четвртокот.

Расколот во Алијанса за Албанците се случи откако актуелниот претседател на партијата Арбен Таравари побара поддршка од членството за коалиција со албанскиот опозициски блок по што претседателот на Централното собрание Зијадин Села на прес-конфереција објави дека е против одлуката АА да се приклучи кон албанскиот опозициски блок на претстојните избори. Тој смета дека партијата треба да оди самостојно на избори, а конечната одлука да ја донесат партиските тела.

Таравари доби поддршка од министерот за здравство Фатмир Меџити и министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, а покрај Села, на Таравари му се спротивставија и министерот за правда Кренар Лога и потпретседателката на АА Илире Даути.

Во Собранието, пак, на предлог на техничкиот премиер Талат Џафери вчера пратениците со 62 гласа „за“ ги разрешија Меџити и Алиу. 

Собранието вечерва во рамки на 143. седница се уште расправа за разрешувањето на министерот за здравство Фатмир Меџити. Техничкиот премиер Талат Џафери предложи разрешување на министрите за з

Образложувајќи го предлогот за нивно разрешување, техничкиот премиер Џафери рече дека според законот, не може да има два опозициски субјекта во состав на Владата и дека тоа е основната причина зошто е предложено разрешувањето на министрите од АА Меџити и Алиу.

- Воопшто не станува збор за нивната стручност и професионалност кон што имам исклучителна почит, рече Џафери пред пратениците.

За нов министер за здравство предложен е актуелниот директор на тетовската Болница Илир Демири, а за министер за информатичко општество и администрација Наим Бајрами. За нив, според најавите, ќе се расправа на собраниска седница в понеделник. бак/аа/

Фото: МИА архива

 

 

 

 

 

 

 

Остани поврзан