• понеделник, 16 декември 2024

По седум години застој продолжи изградбата на водоснабдителен систем за велешките села Раштани и Бузалково

По седум години застој продолжи изградбата на водоснабдителен систем за велешките села Раштани и Бузалково

Велес, 6 декември 2024 (МИА) - По седум годишен прекин на работите, со финансиска поддршка на Министерството за транспорт, Општина Велес деновиве продолжи со изградбата на водоснабдителен систем за велешките села Раштани и Бузалково, кој што започна да се гради во 2017 година.

Како што информираат од Општина Велес, со изградбата на цевководот околу четири илјади жители од овие две населени места ќе бидат приклучени на водоводната мрежа на градскиот водовод на Велес преку ЈКП „Дервен“ а ќе се снабдуваат со квалитетна и исправна вода преку Хидросистемот „Лисиче“.

- Тоа што го ветивме и ќе го реализираме, а целта е преку овој капитален проект, жителите на овие две населени места во своите домови да добијат квалитетна и исправна вода за пиење. Здравјето на нашите жители е наш приоритет, потенцираат од Општина Велес.

Трасата на цевкводот изнесува 9,5 километри, а како дел од проектот треба да се изгради и препумпна станица затоа што трасата поминува низ карактеристичен предел.ад/ар
Фото:МИА

Остани поврзан