• понеделник, 16 декември 2024

По речиси 13 месеци, во Ирак е формирана влада

По речиси 13 месеци, во Ирак е формирана влада
Багдад, 27 октомври 2022 (МИА) - Ирак, по речиси 13 месеци, доби нова влада, објавија денеска локалните медиуми. Новата влада во Ирак на чело со Мохамед Шија Ал Судани доби доверба во Парламентот. Претходно овој месец, Ал-Судани, кој беше избран за премиер на Ирак, имаше задача да ја формира новата влада на земјата по неколкумесечна политичка нестабилност. Абдул Латиф Рашид беше избран за нов претседател на Ирак претходно овој месец, откако 162 пратеници гласаа за него, а 99 за неговиот претходник Бархам Салих. Ирачките партии не можат да се договорат за формирање нова влада во земјата по минатогодишните општи избори. ссм/

Остани поврзан