По првото полувреме во Скопје мрежите мируваат, македонските фудбалери немаат решение за гостите од Казахстан
- Првото полувреме од квалификацискиот натпревар меѓу македонските репрезентативци и гостите од Казахстан заврши без голови.
Скопје, 13.октомври 2025 (МИА) – Првото полувреме од квалификацискиот натпревар меѓу македонските репрезентативци и гостите од Казахстан заврши без голови.
Противникот во првите минути од натпреварот имаа контрола над играта и посед на топката, во последните десет минути нашите фудбалери имаа неколку прилики, но немаше завршница за посакувано водство.
Воведните минути беа во знакот на гостите од Казахстан, кои ја имаа и првата шанса за водство преку Ислам Чесноков, но тој биеше над голот. Во 24. минута македонските репрезентативци за заканија преку Милан Ристовски, кој биеше по нафрлената топка од Езгијан Алиоски. Две минути подоцна Казахстан се закани кога бекот Багдат Каиров од околу 20 метри биеше крај голот. Македонците во период од 90 секунди имаа три шанси за постигнување гол. Во 34. минута Бојан Илиевски нафрли, а Ристовски биеше, но голманот Мухамејан Сеисен спречи радост на Арената. По корнерот Ристовски уште еднаш шутираше, но противничкиот голман повторно одбрани и исфрли во корнер и по новиот удар од аголот Ристовски со глава биеше крај голот.
На другиот дуел од оваа група, Белгија по првите 45 минути води на гости кај Велс со 2:1. зс/мн/
Фото: МИА