• четврток, 19 декември 2024

По повод „28 Септември – Меѓународен ден на Бошњаците“ објавена Антологија „Мостови на пријателство“

По повод „28 Септември – Меѓународен ден на Бошњаците“ објавена Антологија „Мостови на пријателство“
Скопје, 27 септември 2021 (МИА) - По повод одбележувањето на „28 Септември – Меѓународен ден на Бошњаците“, по претходните четири изданија на „Диван“ со ист наслов, од печат излезе изборот на најдоброто од претходните изданија: Антологија „Мостови на пријателство“. -Во Антологијата се застапени песни на 138 автори од 17 земји, од Америка до Австралија со што се потврдува нејзиниот меѓународен карактер и значење. Најголем број од авторите се од Северна Македонија, односно 83 автори кои создаваат на босански, македонски, албански, турски, влашки јазик и др. Најголем број на песни се пишувани на босански и македонски јазик со што книгата е значаен придонес за бошњачката и македонската книжевност, но и на книжевноста во целина, информира здружението „Диван“. - Убавината е и во сличностите и во различностите. Кога избирате од одбраното квалитетот е неспорен, а со тоа димензијата на напишаното станува антологиска, секој стих, секоја песна. Затоа нема да издвојувам стихови, сите се квалитетни и секоја песна на свој начин праќа универзални и космополитски пораки да светот биде подобро и поубаво место за сите, пишува во делот од рецензијата доц. д-р Зеќир Рамчиловиќ. -Преку поезијата испраќаме порака дека сме најсилни кога сме сите заедно, а нашиот мултикултурализам и мултијазичност се нашето богатство, а пораките со кои се градат мостови на пријателство универзални. Благодарност до Агенцијата за остварување на правата на заедниците што ги препознава овие вредности и што ја помогна реализацијата на овој проект, порачуваат од здружението „Диван“, честитајќи го Денот на Бошњаците. Печатењето на Антологијата е подржано од страна на Агенцијата за остварување на правата на заедниците. ир/сп/

Остани поврзан