• среда, 23 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

По повод 24 Мај, Лимани на заеднички ручек со пензионирани наставници Македонци од Гостивар

По повод 24 Мај, Лимани на заеднички ручек со пензионирани наставници Македонци од Гостивар

Гостивар, 27 мај 2025 (МИА) - Гостиварскиот градоначалник Ваљбон Лимани оствари средба и организираше ручек со пензионирани просветни работници по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј. На неформалното дружење со седумдесетина наставници се споделија размислувања, ставови околу образованието и просветната дејност. Некогашните наставници средбата ја искористија за да споделат и по некој спомен од времето кога образувале ученици во училишните клупи.

- Традиционално, по повод 24 Мај се дружиме со пензионерите наставници и учители кои предавале на македонски јазик во училиштата на гостиварско подрачје. Ова е убава прилика да им се заблагодариме за сите генерации кои се плод на нивната работа. Се надевам дека оваа традиција ќе остане да се негува и понатаму, рече Лимани.

Општина Гостивар осум години наназад одржува вакви неформални средби со пензионирани наставници Албанци, Македонци и Турци по повод деновите кои се слават како празници на просветата. згм/мч/

фото: МИА

Остани поврзан