• петок, 05 декември 2025

По одлуката на Апелацискиот суд во Париз, Саркози попладнево ослободен од затвор 

По одлуката на Апелацискиот суд во Париз, Саркози попладнево ослободен од затвор 

Париз, 10 ноември 2025 (МИА) - Поранешниот француски претседател Никола Саркози попладнево беше ослободен од затвор откако Апелациониот суд во Париз претходно денеска го одобри неговото ослободување под судски надзор.

Пред три недели, Саркози почна да ја отслужува петгодишната затворска казна за измама поврзана со финансирањето на претседателската кампања во 2007 година, бидејќи нелегално примил пари од Либија.

Саркози беше виден како пристигнува во својот дом во западен Париз кратко откако неговиот автомобил го напушти затворот Ла Санте. Пред судот беа видени и двајцата негови синови, Жан и Пјер Саркози.

На Саркози му е забрането да ја напушти територијата на Франција и да биде во контакт со други обвинети и сведоци во овој случај, објави судот.

Саркози стана првиот француски претседател во модерното време осуден на затвор, иако тој за цело време од постапката негираше каква било одговорност.

За време на денешното рочиште, Саркози, зборувајќи од затвор преку видео врска тврдеше дека отсекогаш ги исполнувал „сите барања на правдата“.

„Никогаш не замислував дека ќе доживеам затвор на 70-годишна возраст. Оваа мака ми беше наметната и ја преживеав. Тешко е, многу тешко“, рече тој.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан