• сабота, 23 ноември 2024

По вчерашните владини предупредувања, денеска Токио погоден со земјотрес со јачина од 5,3 степени

По вчерашните владини предупредувања, денеска Токио погоден со земјотрес со јачина од 5,3 степени

Токио, 9 август 2024 (МИА) - Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Токио и околината, јави Јапонската метеоролошка агенција, еден ден откако јапонската Влада го издаде своето прво предупредување дека постои ризик од мегаземјотрес во близина на јапонскиот брег на Тихиот Океан.

Иако штетите во областите најблиску до епицентарот не се веднаш познати, премиерот Фумио Кишида изјави дека владата не добила извештаи за големи штети.

Епицентарот на земјотресот е во префектурата Канагава, на длабочина од 10 километри, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Канагава не лежи во процепот Нанкаи, што вчера беше наведен во предупредувањето за очекувањето на голем земјотрес со јачина од 8 степени или поголем.

Владата, исто така, денеска издаде предупредување за можен земјотрес во главниот град и префектурите Канагава, Саитама, Јаманаши и Шизуока, без предупредување за цунами.

Набргу потоа, земјотрес го погоди Токио.

Градското метро во Токио накратко го запре сообраќајот на најмалку една линија, но сообраќајот набрзо продолжи.

Сè уште не е познато дали има штета во најтешко погодените области како што е западниот дел на префектурата Канагава.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан