• среда, 25 декември 2024

Поштенските пратки на ЕСМ ќе се доставуваат исклучиво преку националната Пошта

Поштенските пратки на ЕСМ ќе се доставуваат исклучиво преку националната Пошта
Скопје, 18 ноември 2022 (МИА) - Преку АД Пошти ќе се одвива целиот поштенски сообраќај на АД ЕСМ и сите негови подружници во однос на испраќање, пренос и достава на поштенски пратки во внатрешен и меѓународен поштенски сообраќај за комуникација со деловни партнери, а особено во следниот период за испорака на фактури за парно греење до потрошувачите во градот Скопје. Тоа е овозможено со денеска потпишаниот договор помеѓу двете акционерски друштва во државна сопственост. Од АД ЕСМ инфиормираат дека се првиот државен субјект кој потпиша ваков договор, по одлуката на Владата донесена во октомври годинава која се однесуваше на сите органи на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост и сите останати државни институции, задолжително да ги користат услугите на националната Пошта. Според генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, договорот е показател за општествена и државна одговорност на АД ЕСМ да се помогне на институциите на државата и да се спроведуваат одлуките на Владата. Генералниот директор на АД Пошта на Северна Македонија, Васко Стефанов, пак, ги повика сите државни институции и акционерски друштва, како и општините, да склучат договор со Пошта по примерот на АД ЕСМ. Стефанов истакна дека системот и инфраструктурата им овозможуваат да ги пружат услугите кои се бараат, а со тоа да го консолидираат ова акционерско друштво во државна сопственост. Со одлука на Владата сите државни институции добија задолжение за своите потребни да ги користат услугите на АД Пошта на Северна Македонија, а не на други оператори, а со цел да се подобри финансиското работење на националната Пошта. лв/дма/

Остани поврзан