• вторник, 24 декември 2024

Почнува санација на мостот на Брегалница кај Долни Балван

Почнува санација на мостот на Брегалница кај Долни Балван
Скопје, 12 септември 2022 (МИА) - Министерот за локална самоуправа Горан Милевски и градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов денеска ќе го означат почетокот на градежните активности од проектот „Санација на мост на река Брегалница кај село Долни Балван“.
Со реализација на проектот ќе биде поврзан магистралниот пат М5 и регионалниот пат Р2334 како дел од Програмата „Намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2022 година“ на Министерството за локална самоуправа.
Мостот на река Брегалница кај селото Долни Балван на патниот правец село Таринци - село Долни Балван го поврзува регионалниот пат Р 2334 (Р-601) со магистралниот пат А3 (М-5).
За овој градежен објект, кој е од големо значење за Општината Карбинци, Министерството за локална самоуправа издвојува 5.800.000 денари, а Општина Карбинци  4.818.502 денари. хс/мд/

Остани поврзан