Почнува новата сезона во Лига Европа
- Со натпреварите Митјиланд – Штурм и Паок Макаби Тел Авив, вечер од 18:45 часот почнува новата сезона во Лигата на Европа на УЕФА, второто по квалитет фудбалско континентално натпреварување.
Нион, 24 септември 2025 (МИА) - Со натпреварите Митјиланд – Штурм и Паок Макаби Тел Авив, вечер од 18:45 часот почнува новата сезона во Лигата на Европа на УЕФА, второто по квалитет фудбалско континентално натпреварување.
Седум натпревари ќе почнат во 21 часот:
Бетис – Нотингем Форест
Брага – Фејнорд
Црвена ѕвезда – Селтик
Динамо Загреб – Фенербахче
Фрајбург – Базел
Малем – Лудогорец и
Ница – Рома.
Минатата сезона трофејот го освои Тотенхем и автоматски си обезбеди место во Лигата на шампионите за оваа сезона. зс/
Фото: ЕПА