• четврток, 12 септември 2024

Почнува новата сезона во кошаркарската Евролига

Почнува новата сезона во кошаркарската Евролига

Скопје, 5 октомври 2023 (МИА) – Новата сезона во кошаркарската Евролига почнува денеска во која 18 екипи ќе се борат за место на завршниот турнир во Берлин.

Сезоната од 19 часот во белградската Арена ќе ја отворат кошаркарите на Црвена ѕвезда и Асвел, а вечерва на програмата се и дуелите меѓу Макаби – Партизан, Барселона – Ефес, Баерн – Алба и Виртус Болоња – Жалгирис.

Евролигата од оваа сезона првпат воведе плејин турнир по примерот во НБА лигата.

Регуларниот дел од сезоната ќе трае до 12 април. Плејин турнирот ќе се игра од 16 до 19 април, а плејофот ќе почне на 23 април и ќе заврши најдоцна до 8 мај.

Финалниот турнир е на програмата од 23 до 26 мај идната година во Берлин. ег

Фото: Х

Остани поврзан