Почнува манифестацијата „Европски денови на културното наследство 2025“
- Темата на овогодинешото одбележување е „Архитектонско наследство: Прозорец кон минатото - врата кон иднината“. Во таа пригода ќе биде отворена изложбата „Допрете ги покуќнинските садови“ на авторот Сузана Марковска, едукатор - етнолог во музејот
Скопје, 23 септември 2025 (МИА) - Во Музејот на РС Македонија денеска напладне ќе биде отворена манифестацијата „Европски денови на културното наследство 2025“.
Темата на овогодинешото одбележување е „Архитектонско наследство: Прозорец кон минатото - врата кон иднината“. Во таа пригода ќе биде отворена изложбата „Допрете ги покуќнинските садови“ на авторот Сузана Марковска, едукатор - етнолог во музејот, најави Музеј на РС Македонија.

Изложбата е тактилна и е посветена и наменета за слабовидни и слепи лица. Таа ќе биде проследена со едукативни работилници и во следните денови. лв/aa/
фото: плакат