Почнува македонската ракометна Суперлига
- Со пет натпревари попладнево официјално ќе стартува новата сезона во македонската ракометна Суперлига во машка конкуренција.
Скопје, 7 септември 2024 (МИА) – Со пет натпревари попладнево официјално ќе стартува новата сезона во македонската ракометна Суперлига во машка конкуренција.
Бранителот на титулата Еурофарм Пелистер му гостува на Тиквеш во Кавадарци, а преостанатите двојки од денешната програма се Бутел – Куманово, Струга – Ф. Борец, Прилеп – Пролет, Радовиш – Охрид.
Воведното коло ќе биде комплетирано в недела со дербито меѓу Алкалоид и Вардар 1961.
Стартот на новата ракометна сезона беше најавен во четвртокот со натпреварот во Суперкупот во Алкалоид го совлада Еурофарм Пелистер со 33-30. ег ФОТО: РК Алкалоид/Фејсбук