• среда, 25 декември 2024

Почнува градба на атмосферска канализација во дел од Демир Капија 

Почнува градба на атмосферска канализација во дел од Демир Капија 
Демир Капија, 6 април 2023 (МИА) - Почнува градба на атмосферска канализација во дел од Демир Капија, со што се решава долгогодишен проблем, информираше денеска градоначалникот Лазар Петров.
 
Со реализација на овој проект, рече тој, ќе се реши долгогодишниот проблем со одводнувањето на улицата и отежнатиот пристап и сообраќај, со што ќе се подобри квалитетот на живеење на граѓаните на Општина Демир Капија и ќе се зголеми локалниот економски развој во градот.
 
- Во тек се подготовките за отпочнување со реализација на проектот „Изградба на атмосферска канализација на крак на улицата Партизанска“. Овој крак од улицата се наоѓа на десната страна од река Бошава и е со должина од 718 метри. Изведувачот, РМК ГРАДБА АС ДООЕЛ, сели Цветово, Студеничани, треба да започне со градежните работи во текот на овој месец, соопшти градоначалникот. 
 
Тој појасни дека вкупната предвидена сума за реализација на проектот, според донесена одлука, изнесува 5.737.527,50 денари без ДДВ, од кои 2.881.356,00 се финансираат од Министерството за локална самоуправа, Биро за регионален развој, а останатите 2.856.171,50 денари се кофинансирање од буџетот на Општина Демир Капија. Вкупниот износ кој е понуден од изведувачот за изградба на атмосферската канализација изнесува 1.985.514,00 денари  без ддв. Вкупно, со ДДВ, износот е 2.342.906,52 денари.
 
Петров нагласи дека се продолжува кон остварување на поставените цели, за доброто на сите во Демир Капија. свд/цр
 
Фото: Општина Демир Капија 

Остани поврзан