• сабота, 23 ноември 2024

Почна фестивалот „Гола Месечина“ во Општина Аеродром

Почна фестивалот „Гола Месечина“ во Општина Аеродром
Скопје, 27 јуни 2022 (МИА) - Во организација на Театар Комедија и Општина Аеродром, овој викенд почна деветтото издание на Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола Месечина“. На репертоарот викендов се најдоа македонската претстава „Да, инспекторе“ и претставата на Театар Славија од Белград „Опасна љубовна игра“, при што беше забележана масовна посетеност од страна на аеродромци. Програмата, како што информираат од Општина Аеродром, продолжува и во наредните денови, а сите љубители на театарската уметност можат да се смеат и забавуваат со претставите „Прекрасна недела за Крев Коер“ од Народен театар „Иван Вазов“ од Софија што ќе се одигра вечерва, утре (вторник) на репертоар е „Паника во Хотел Палас“ на струмичкиот театар, а во режија на Коле Ангеловски, во среда аеродромци ќе уживаат во претставата „Слуга на двајца господари“ од велешкиот театар. Со „Енергични луѓе“ на театарот „Григор Прличев“ од Охрид, во четврток ќе биде заокружен овој неколкудневен магичен спектакл под ведро небо. -Сите заинтересирани можат да ги подигнат картите за претставите во просториите на Општина Аеродром или на билетарницата на Театар Комедија. Влезот е бесплатен, а ве очекува многу смеа, забава и одлична атмосфера, велат од Општина Аеродром. дма/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан