• среда, 25 декември 2024

Почна со работа Стопанска лизинг - компанија на Стопанска банка АД Скопје

Почна со работа Стопанска лизинг - компанија на Стопанска банка АД Скопје
Скопје, 21 септември 2022 (МИА) - Комапнијата „Стопанска лизинг“, во 100 процентна сопственост на „Стопанска банка“ АД Скопје, од денеска е присутна на македонскиот пазар со понуда на финансиски и оперативни лизинг производи за физички лица и компании. Жарко Кржаловски, директор на „Стопанска лизинг“, на отворањето на просториите на компанијата во центарот на Скопје, истакна дека лизинг пазарот се збогатува со нов финансиски партнер на компаниите и физичките лица, поддржан од брендовите Стопанска банка и Групацијата на НБГ. - Ќе се погрижиме во иднина на нашите клиенти да им овозможиме поголеми можности за финансирање, пред се, на финансиски  и оперативен лизинг, кои ќе бидат застапени како производи. Ќе бидеме застапени  во сегментот на автомобилската индустрија, камиони, приколки и автобуси, како и  опрема, а во иднина сакаме да го развиеме и делот на недвижностите. Исто така, ќе се трудиме нашите производи да ги развиваме за потребите на клиентите и на пазарот, изјави Кржаловски. лв/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан