Почна седницата на Централниот одбор на СДСМ
- Централниот одбор на СДСМ вечерва заседава во партискиот штаб.

Скопје, 9 февруари 2023 (МИА) – Централниот одбор на СДСМ вечерва заседава во партискиот штаб.
На седницата присуствуваат лидерот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски, заменик-претседателот на партијата Сања Лукаревска, генералниот секретар Миле Зечевиќ, потпретседателот на СДСМ и вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи, секретарот за меѓународна соработка и вицепремиер за европски прашања Бојан Маричиќ, како и други членови од раководството.
За одлуките и заклучоците, како што најавија од СДСМ, предвидена е изјава по завршувањето на седницата. мч/сх/