Почна реконструкцијата на атмосферска канализација на улицата „Бајрам Шабани“ во Куманово
- Почна реконструкцијата на атмосферска канализација на улицата „Бајрам Шабани“, еден од проектите кои ги доби Куманово од поддршката на Владата за инфраструктурното уредување. Градежните активности се почнати на терен. На улицата беше неопходна изградба на атмосферска канализација на улицата, бидејќи поради конфигурацијата на теренот при пообилни дождови се слеваше вода.

Куманово, 12 февруари 2025 (МИА) - Почна реконструкцијата на атмосферска канализација на улицата „Бајрам Шабани“, еден од проектите кои ги доби Куманово од поддршката на Владата за инфраструктурното уредување. Градежните активности се почнати на терен. На улицата беше неопходна изградба на атмосферска канализација на улицата, бидејќи поради конфигурацијата на теренот при пообилни дождови се слеваше вода.
-Во тек е изградба на атмосферска канализација на улицата „Бајрам Шабани“, соопшти денеска кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.
Активностите на терен ги спроведува градежна компанија од Скопје која понудила најниска понуда на објавениот тендер помеѓу четири компании. За реконструкцијата одвоени се речиси 18 милиони денари.
-Улицата е градена во доцните шеесетти и почетокот на седумдесеттите години од минатиот век. Првпат се гради атмосферска канализација во должина од 886 метри. Покрај атмосефрска ќе бидат поставени 32 сливници, 34 шахти, изјави помошникот раководител на секторот за комунални дејности, Момчило Јовановски.
Инфраструктурно уредување на зоната во Речица, изградба на секундарна дистрибутивна гасоводна мрежа и изградба на атмосферска канализација на улицата „Бајрам Шабани“ се трите проектите кои ги доби општината Куманово на владиниот повик за развој на општините. ам/сст/
Фото: Општина Куманово