• среда, 25 декември 2024

Почна регулацијата на дел од коритото на Кочанска Река

Почна регулацијата на дел од коритото на Кочанска Река
Кочани, 17 март 2021 (МИА) – Општина Кочани ја почна реализацијата на проектот за регулација на дел од коритото на Кочанска Река, од мостот во месноста Бавчалук кон југ, во должина од околу 450 метри. Вредноста на инвестицијата изнесува 14,4 милиони денари, од кои преку грантот од Проектот за подобрување на општинските услуги се обезбедени 10,6 милиони денари, а остатокот е кофинансирање од општинскиот буџет. Се работи на дефинирање на поголемо корито со широчина до 15 метри, а во него помало кое што ќе ја прифаќа водата. Притоа, се гради нов кеј од масивни бетонски ѕидови, кои на одредени делови ќе имаат бетонски скали и каскадни решенија. Надвор од главното корито, на десниот брег од реката е планирана е пешачка и зелен појас. – Со реализацијата на овој проект ќе се подобри пропусната способност на речното корито, кое ќе се ослободи од обрасната вегетација и импровизирани објекти. По целата должина на регулираното речно корито од двете страни ќе се постават канделабри, клупи и метални корпи за отпадоци. Очекувам да добиеме пријатен простор со нови содржини за одмор и рекреација за различни генерации, истакна Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани. Изведувач на работите е Здружено вложување – АГП од Свети Николе и Промонтинг од Скопје, кои имаат обврска изградбата да ја завршат во рок од шест месеци.та/бт/

Остани поврзан