• понеделник, 26 август 2024

Почна пријавувањето за „Невестинско поклонение 2023"

Почна пријавувањето за „Невестинско поклонение 2023
Крива Паланка, 18 февруари 2023 (МИА) - Организаторите на традиционалното „Невестинско поклонение", постсвадбен обичај што се изведува во црквата Св.Теодир Тирон во селото Конопница, кривопаланечко, објавија дека во тек е пријавувањето за годинашното издание што ќе се одржи на петти март.
 
-Пријавувањето за манифестацијата е во тек, засега имаме ексклузивно најавено учество на снаата и свекрвата од Галичка свадба, ја очекуваме потврдата и од Пијанечката Свадба,  што практично би значело природно поврзување на најпознатиот бренд што ја негува традицијата на македонските свадбени обичаи и Невестинскито Поклонение како манифестација која ги негува послесвадбениот обичаи од нематријалното културно наследство, информира Стојанче Величковски, од РЗР „Патник", иницијатор за возобновување на манифестацијата што полека но сигурно станува културен бренд на Крива Паланка.
 
Право на учество имаат сите млади невести венчани помеѓу двете „Тодорици"- Тодоровиќ саботи, а учествуваат во традиционални носии од крајот од кадешто потекнуваат, заедно со нивните свекрви.
 
Заинтересираните можат да се пријават во Општина Крива Паланка или кај Стојанче Величковски. ид/свс
 

Остани поврзан